Сара Џесика Паркер доби силна поддршка од семејството на премиерата на продолжението на „Хокус покус“.
На виолетовиот тепих во Њујорк, 57-годишната актерка за прв пат позираше со двете ќерки близначки Табита и Марион (13) кои ги доби од сурогат мајка, а подоцна им се придружи и нејзиниот сопруг Метју Бродерик.
Претходно актерката не им дозволуваше на папараците да ги фотографираат нејзините ќерки, а сега, кога наполнија 13 години Сара одлучи да ги покаже на светот.
Инаку, ѕвездата од „Сексот и градот“ носеше впечатлива модна комбинација од актуелната колекција на Џорџо Армани, а нејзините ќерки избраа кратки фустанчиња.