Кралицата Елизабета Втора почина на 8ми септември во Балморал во Шкотска, а од тогаш цел свет пати за британскиот монарх со најдолг стаж кој остави неверојатен траг во историјата. На нејзиниот погреб, кој се одржа пред неколку дена во Виндзор, присуствуваа скоро 3000 светски лидери и припадници на другите кралски семејства, а сега е објавена и фотографијата каде ќе почива вечно.
Екслузивната фотографија, која веќе ја коментираат илјадници луѓе, се појави откако на верниците е дозволено да влезат во Меморијалната капела на кралот Џорџ VI во Виндзор.
На сите на око им падна едноставната црна мермерна плоча и имињата на нејзините најсакани. Името на кралицата е испишано покрај името на нејзниот татко Џорџ VI, нејзината мајка и нејзиниот покоен маж, принцот Филип, кој умре во април минатата година.
Имено, последната фотографија од гробното месето во Виндзор е објавена пред, отприлика две децении, точно 2002 година, кога на мермерната плоча беше со златни букви беше изпишано името на кралот Џорџ VI и нејзината мајка, заедно со датумите на нивното раѓање, односно смртта.
На плочата е напишано по следниов редослед: Џорџ VI: 1895-1952, Елизабета: 1900-2002, Елизабета II: 1926-2022, Филип: 1921-2021.
Помеѓу двата пара има една метална ѕвезда што го претставува Орденот на најстариот и најблагороден ред на витештвото во земјата, а сите четворица биле негови членови, додека капелата Свети Ѓорѓи го претставува нивниот духовен дом.