Откако со сопругата и со синот се пресели во Америка, Ламбе Алабаковски се повлече од музиката. Пејачот кој е потекло од преспанското село Љубојно, беше еден од најпопуларните кај нас. Паралелно, Ламбе беше ангажиран со семејниот бизнис, продажбата на јаболка.
Пред повеќе од две години, тој со сопругата Магдалена и со синот Михаил живее во, Детроит, САД. Магдалена е битолчанка која е порасната во Америка. Ламбе таму наместо со пеење, се занимава со друга професија, во обезбедувањето на аеродромот.
Инаку, Михаил минатиот месец наполни 4 години. Ламбе е послабо активен и на социјалните мрежи, и не одговара на пораки. Пред неколку месеци сподели слика од првиот ден на Михаил во градинка.