Видеото кое ги шокирало луѓето кои го виделе, а на поголем дел ги насмеало прикажува една мајка која ја влече својата ќерка до училиште и тоа држејќи ја за рачките од ранецот.
„Оптимизам, се гледа“, „Некому навистина не му се оди на училиште“, „Некој навистина води инает“, „Вака и јас кога треба да одам на факултет“, „Ова се маки секое утро“, „Никогаш нема да ми биде јасно зошто родителите во училиште испраќаат пијани деца“, „Не е секој за училиште“, биле само дел од коментарите кои можеле да се прочитаат под видеото на социјалните мрежи.
Dobro jutro pic.twitter.com/4r9J1QtJsg
— Igor Čobanović (@DaZivimSan) September 23, 2022
Очигледно дека некои од децата баш и не сакаат да одат на училиште и дека во таа намера се навистина одлучни, па родителите бараат начини како да ги однесат.
Оваа мајка очигледно немала нерви за убедување, па одлучила да ги земе работите во свои раце – буквално.
Таа ја влечела својата ќерка до училиште, а дека не ѝ било нималку лесно се гледа „од авион“.