“ЗАСЛУЖУВА 6-МЕСЕЧЕН ОДМОР“: Водителот кој ја објави смртта на кралицата, повторно во центарот на вниманието

by Тони Зографски

Водителот на британскиот Би-Би-Си, Хју Едвардс – кој објави дека починала кралицата Елизабета, по нејзиниот погреб повторно е во центарот на вниманието, а многумина на социјалните мрежи го истакнаа неговото „неверојатно известување“.

Додека известувал на Би-Би-Си за погребот на кралицата, гледачите се пошегувале дека на Едвардс многу му треба одмор.

Водителот е на „чело“ од објавувањето на смртта на кралицата во четврток, 8 септември.

Голем број корисници на социјалните мрежи изразуваат надеж дека Едвардс ќе добие заслужен одмор откако сè ќе заврши, а некои предложиле да биде награден со тоа што ќе биде прогласен за витез.

„Хју Едвардс, направивте неверојатна работа откако ја објавивте смртта на нејзиното височество. Се надевам дека Би-Би-Си ќе Ви даде заслужен одмор!“, гласи еден од твитовите.

„Хју Едвардс заслужува 6-месечен одмор по денешниот ден. Никогаш нема да знам како успеа да помине 10 дена зборувајќи и интервјуирајќи луѓе за ова“, пишува друг корисник на Твитер.

Во низата објави, корисниците се пошегувале дека некој треба да му даде перница и ќебе за да може да се одмори.

„Можеме ли сите да се собереме на GoFundMe и да му платиме на Хју Едвардс одмор кога ова ќе заврши? Човекот беспрекорно емитува веќе 12 дена“, се пошегувал друг.

Едвардс покрива голем дел од известувањето на Би-Би-Си откако беше објавена смртта на кралицата Елизабета Втора на 8 септември. Гледачите го пофалија „неверојатното известување“ на водителот, опишувајќи го како „апсолутно фантастично“.

останати вести