Социјалните мрежи „вријат“ откако самопрогласениот исцелувач Константин Тино Кајшаров го најави својот настан во Скопје, претстојната сабота.
Имено, во неговата обајава на Фејсбук се наведува дека оваа сабота во Скопје од 18 часот ќе организира „ослободување од демони, од проклетства и маѓии“. Каде не е познато, но има оставено телефонски број на кој секој заинтересиран може да се пријави, а овој перформанс е бесплатен.
Покрај оваа информација тој сподели и видео од праксата на „истерување демони и нечисти сили“.
Неговата објава предизвика голема дискусија на социјалните мрежи.
Контроверзниот надрилекар кој своевремено беше пејач, биоенергичар, кинезитерапевт и познавач на фреквенциите, пастор и што ли уште не предизвика лавина реакции, па така многумина се чудат како и вакво нешто излегло во јавност.