Британската кралица Елизабета Втора беше официјално погребана во понеделникот на 19-ти септември.
Нејзиниот живот ја интригираше светската јавност, а еве неколку интересни детали од нејзиниот приватен живот.
Венчаница купена со бонови.
Иако кралицата Елизабета Втора можеше да се дружи со водечките модни креатори, сепак таа се држеше до традиционалната англиска мода и не носеше брендирана облека од другите земји, туку ја имаше својата лична дизајнерка Алексис.
Малку е познато дека материјалот за нејзината венчаница е купен во бонови.
Прикриена комуникација и говор на тело
Капутите на кралицата од светло сина до жолта боја во речиси сите нијанси отсекогаш привлекуваа најголемо внимание. Таа ретко носеше црна или кремава облека.
Иако според традицијата на британската монархија, кралицата и другите членови на нејзиното семејство мора да одржуваат неутрален став кон политичките прашања, со години се шпекулираше дека можеби преку боите на облеката, како и преку накитот, Кралицата Елизабета Втора испраќа одредена порака до јавноста.
Според стручни лица кои го проучувале говорот на телото на кралицата, иако ништо не кажувала, бојата на нејзиниот фустан, шапката наведната на одредена страна, како и нејзиниот студен став имплицирале што има на ум.
Кога поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја посети Британија за прв пат во 2018 година, кралицата носеше брош што ѝ го подарил поранешниот американски лидер Барак Обама. Тоа веднаш било протолкувано како „суптилен напад врз Трамп“.
За да се избегнат какви било непријатности во стилот на „Мерилин Монро“, на наборите од нејзините фустани и во пределот на јаката било ставано олово.
Истиот лак со децении
Иако кралицата носеше јаки бои на гардероба, тоа не важеше за нејзиниот маникир. При поголеми прилики таа користеше бледо розов лак од „Ballet Slippers“. Основачот на таа козметика, Еси Ванџгартен, еден ден добила писмо од фризерот на кралицата во кое тој барал шишенце нијанса од истиот лак. Бледо розовиот лак оттогаш станал традиција во кралското семејство, која ја „наруши“ само Лејди Дијана, која носеше црвени нокти.
Идентичен модел на чевли
Повеќе од 50 години Кралицата Елизабета Втора речиси без исклучок носеше црни лакирани чевли со златна тока и поширока потпетица од 5 сантиметри. Овој вонвременски модел е креиран од лондонскиот дизајнер на чевли Едвард Рајан. Тој се повлекол во 1988 година и производството на омилените чевли на кралицата било прекинато. Персоналот на палатата имал задача да го пронајде Рајан, кој во меѓувреме почнал да работи за лондонскиот бренд на чевли „Anelo & Davide“.
Во знак на благодарност за долгогодишната лојалност, Елизабета Втора истата година својот омилен дизајнер на чевли го прогласи за витез. Брендот „Anelo & Davide“ продолжи да ги изработува омилените обувки на кралицата по нејзина мерка. Еден пар чевли на кралицата наводно чини 1.100 евра.
Еден модел на чанта
И кога се во прашање чантите, кралицата имала сличен став. Сиот свој живот таа го носеше речиси истиот модел на чанта од лондонскиот бренд „Launer“. Таа дури и во Бакингемската палата носела лакирана торба со кратки рачки за тајно да испраќа сигнали до својот персонал.