Шведскиот принц Карл Филип, единствениот син на кралот Карл Шеснаесети Густав и кралицата Силвија, секогаш важеш за член од кралската фамилија кој привлекувал внимание.
Познато е дека принцот има чин резервен официр во морските сили на земјата. Сепак, неговиот приватен живот повеќето ги интересира.
Титулата најконтроверзен член на династијата Бернадот го заработил поради неговата љубов кон брзи автомобили и луди забави.
Фоторепортерите во една прилика го забележале неговото „диво лето“ 2012 со инциденти во кои дивеел пијан со маска на вонземјанец во центарот на шведската престолнина, како и инцидентот со удирање шлаканици во Кану.
Интересот за неговото однесување го достигнало врвот кога се разбрало дека шведскиот принц Карл Филип има нова девојка, а тамошната јавност била шокирана со оглед на тоа дека веќе ја познавале од малите екрани.
Принцот за своја жена избрал „обична двојка“, која исто така имала „турбулентно минато“.
Имено, Софија Кристина Хелквист била обична девојка од Шведска која до своите пет минути слава се обидела да дојде со учество во ријалити и со разголени фотки. Од некогаш омразена девојка, денеска до омилена принцеза, поминала низ пат со трње.