Маж бил уапсен откако се приближил до ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора, кој е изложен во Вестминстерската сала, јавува Би-Би-Си.
Инцидентот во најстарата зграда на парламентот се случил синоќа околу 23:00 часот
– Околу 23:00 часот, парламентарната полиција и службениците за дипломатска заштита приведоа маж во Вестминстерската сала поради малтретирање – соопшти Скотланд Јард.
Како што пренесува Гардијан, мажот набрзина се качил по скалите и го допрел ковчегот пред шокираните луѓе кои чекале да и оддадат почит на кралицата. Полицијата на крајот го привела поради, како што соопштија од Скотланд Јард, кршење на законот за јавен ред и мир.