Синди Крафорд и Каја Гербер присуствуваа на промоцијата на мемоарот „A Visible Man“ на уредникот на „Вог“, Едвард Енинфул.
56-годишниот супермодел и нејзината помлада копија привлекуваа погледи на забавата каде имаше голем број славни личности. Синди носеше стајлинг со кожно здолниште, додека 21-годишната Каја избра мало црно фустанче.
Каја постојано добива коментари дека личи исто како мајка ѝ во младоста.