Еден млад човек по име Логан Смит, чие име на Твитер е @logan_smith526, во јули на неговиот профил споделил дека британскиот монарх со најдолг стаж ќе умре на 8 септември 2022 година.
Датумот, исто така, се покажа како вистинит. Кралицата почина минатиот четврток (8 септември) во замокот Балморал, опкружена со нејзините најблиски членови на семејството.
Неговата објава наскоро стана вирална, особено откако Смит ја ажурирал и го додал датумот на смртта на кралот Чарлс III.
За Чарлс тој напишал дека ќе почине на 28 март, 2026 година, после што објавата почна молскавично да се споделува. Откако стана вирална, Лоран го заклучил профилот.
Како што пренесува „Мирор“, објавата на крајот била избришана, но многумина продолжиле да ја споделуваат на социјалните мрежи, каде што кружи скриншот од оваа бизарност.