Една колумбиска агенција им нуди на своите клиенти четиридневно искуство со луксузен секс туризам на приватен остров во Колумбија.
„Good Girls Sex Resort“, некогаш јавна куќа специјализирана за поврзување со пазарот на луксузни туристички патувања кои, меѓу другото, нудат секс со локални проститутки, нуди самостоен пакет на услуги.
Во рамките на таа тура, на патниците им се нудат неограничени количини алкохол и сексуални услуги, а дозволена е и употреба на дрога за време на четиридневното „патување“. Покрај горенаведеното, цената на пакетот вклучува и храна, големи забави на јахти и дваесет и четири часовна помош на англиски и шпански јазик.
Овој „туристички пакет“ предизвика осуда кај дел од јавноста, бидејќи иако проституцијата е легална во Јужна Америка, макроата и секс туризмот се строго забранети со закон, а промовирањето на проституцијата на овој начин се гледа како продолжување на забранетите активности.
Многумина се прашуваат и дали сите девојки се таму по своја волја или се жртви на трговија со луѓе. Жените во Колумбија сочинуваат 88. отсто од жртвите на трговија со луѓе, а најчесто завршуваат на присилна проституција.