Младата манекенка Ела Емхоф, ќерка на американскиот адвокат Даг Емхоф, кој сега е во брак со американската потпретседателка Камала Харис и неговата поранешна сопруга Керстин Емхоф, прошета на модната писта облечена во прилично смела облека.
Ела носеше оскудна блуза што ги откриваше нејзините гради и црно кожено мини здолниште со црни ракавици.
Инаку, 23-годишната Ела се здоби со популарност кога на инаугурацијата на претседателот Џо Бајден во јануари 2021 година носеше тартан капут Miu Miu со кристали на рамениците и широка јака преку бордо фустан од Батшева.
Таа потоа дебитираше на модната писта на ревијата на Proenza Schouler за време на модната недела во Њујорк на почетокот на 2021 година, откако потпиша договор со добро познатата агенција за манекенство IMG.
Некои тврдат дека познатото семејно потекло на Ела и познатата маќеа ѝ помогнале да ја забрза нејзината манекенска кариера.
Младата манекенка пораснала во Лос Анџелес, Калифорнија, но откако отишла во Њујорк да студира дизајн, се заљубила во „Големото јаболко“.
– Не очекував дека ќе останам по факултетот, но откако создадов навистина силна заедница и живот овде, не можев да заминам, изјавила таа за Vogue Runway.
– Она што првично ме привлече во Њујорк беше слободата што ја чувствував дека ја имаат луѓето овде, особено во начинот на облекување, заклучила таа.