Вчера во хотел „Мериот“, Викторија Лоба правеше свадба со нејзиниот сопруг, бизнисменот Ѓорѓи Калешов, со кого неодамна се венчаше во Охрид. Русокосата пејачка блескаше во два фустани од ателјето на дизајнерката Моника Коцарева.
Лоба и Ѓорѓи свадбената веселба ја отвориле со танц на песната All of me од Џон Леџенд. За да биде веселбата уште повесела, во еден миг и самата пејачка се фатила за микрофонот и запеала.