СЕ ПРОШЕТА ВО ПРОЅИРЕН КОМБИНИЗОН: Има над 90 килограми, но не се срами да го покаже своето тело (ФОТО)

by Тони Зографски

Супермоделот Карли Клос си го прославила својот 30-ти роденден во некој престижен њујоршки клуб, а друштво ѝ правеле блиските пријателки.

Меѓу поканетите се нашла и најпознатата плус сајз манекенка на светот Ешли Грејем, а нејзиното храбро и сексапилно издание ги привлекло сите погледи.

Убавата бринета на забавата се појавила во прилично смела модна комбинација која е како создадена за привлекување внимание, па не е ниту чудно што папарацо фотографите веднаш сакале да ја фотографираат.

Ешли избрала да носи провокативен, проѕирен комбинезон со принт од леопард во црна боја, а оваа креација била украсена со перја на ракавите.

Оваа 34-годишна жена под комбинезонот носела, тесен, црн корсет, зачувувајќи ги така најинтимните делови од телото, а сепак повторно на сите им ја разбудила фантазијата.

Таа модното издание го надополнила со модерни, едноставни чевли на висока потпетица и ефектни прстени,а се определила и за малку дива, секси фризура – својата долга коса ѝ била во брановидна форма.

Манекенката истиот ден во Њујорк прошетала во елегантен, шик фустан со миди должина и со А крој, пуф ракави и леопардски дезен.

Целиот стајлинг го надополнила со црни сандали и брендирани црна чанта.

Да ве потсетиме, Ешли се породила пред само седум месеци, на светот донесе близнаци, а тоа беше нејзина втора бременост.

Таа во повеќе наврати со гордост ги покажа своите стрии, нарекувајќи ги „дрво на животот“ и спомен на тоа дека женското тело е во состојба да донесе нов живот.

Инаку, славната убавица минатата година призна дека и денес е фрустрирана од разговорите за својата телесна тежина, баш како и на почетокот на кариерата иако многумина веруваат дека ги поместила границите на моделингот.

„Луѓето често ме прашуваат како успевам да имам толку самодоверба и го коментираат мојот стил на облекување. Тоа што носам конфекциски број 16 (американска величина), имам повеќе од 90 килограми и снимам кампањи за долна облека, тоа не значи дека сакам постојано да водам разговори за тоа што е потребно за да имам толкава самодоверба.

“Тоа што сум голема девојка не значи дека морам непрекинато да слушам такви видови разговори. За мене тоа е малку шокантно поради тоа што истите прашања не им ги поставуваат на слабите жени. На крајот, навистина не е сè во изгледот. Понекогаш е тоа што се наоѓа во нас, нешто на што треба да поработиме“, изјавила таа.

 

останати вести