Амал Клуни уште еднаш докажала зошто со години е на врвот на листата на најдобро облечени жени
Амал и Џорџ Клуни пристигнале во Лондон по повод премиерата на новиот филм Ticket to Paradise, во кој тој ја игра главната улога, а убавата адвокатка ги ставила сите актерки во втор план со своите атрактивни изданија.
Прво, на црвениот килим била фотографирана во гламурозна креација, а потоа на забавата по црвениот килим и премиерата се појавила во краток жолт фустан, што го открил нејзиниот најсилен адут – витите, исончани нозе.
Адвокатката со либански корени блескала во гламурозниот фустан украсен со ситни циркони на тенки прерамки, што ја истакнал нејзината вита става, а изгледот го заокружила со елегантна фризура, златна плик-чантичка и црвен кармин.
Госпоѓата Клуни е добро позната по својот истанчен моден вкус, па по долгиот фустан украсен со блескави циркони во нежна минт-нијанса со кој воодушевила на црвениот килим на лондонската премиера, се одлучила за нешто посмело за забавата.
Амал (44) со задоволство одбира комбинации што ѝ ласкаат на нејзината вита става и во прв план ги истакнуваат беспрекорно обликуваните нозе, а мини-фустанот со долги ракави во интензивна жолта боја се покажал како одличен избор.
Инаку, на премиерата на филмот Ticket to Paradise, на Клуни им се придружила и Џулија Робертс која негува долгогодишно пријателство со Џорџ.
Ticket to Paradise е првиот филм по Money Monster од 2016 година, во кој Џорџ Клуни и Џулија Робертс глумат заедно. Пред тоа глумеа заедно во Oceans Eleven и Oceans Twelve.
Во филмот, што сигурно ќе биде голем хит оваа есен, Џулија Робертс и Џорџ Клуни глумат разведена двојка, кои по 25 години од нивната венчавка патуваат заедно на Бали за да ја спречат ќерка им да не ја направи истата грешка како нив.