Познатата романска тенисерка Симона Халеп, по неполна година брак, се разведува од македонскиот милијардер Тони Јуруц.
Двојката се венчаше на 15 септември минатата година, а на само неколку дена пред годишнината од бракот излезе веста, која ја шокираше јавноста. Ова го потврди милијардерот роден во Македонија.
-Симона и јас донесовме одлука да се разведеме. Тоа е сè што ќе кажам, престанете да инсистирате, кратко потврдил Јуруц.
Халеп и Јуруц нема да го делат богатството, бидејќи таква одлука донеле пред да се венчаат. Се шпекулира дека главната причина за разделбата е големата дистанца помеѓу Симонеа и нејзиниот сопруг. Романката неодамна се пресели во Франција на инсистирање на селекторот Патрик Муратоглу, па односот со сопругот се заладил.
Инаку, парот се венча минатата година на брегот на Црното Море, во градот Констанца, родното место на 11. тенисерка во светот. На луксузната венчавка имало околу 300 гости.
Јуруц, инаку е многу успешен бизнисмен, сопственик на повеќе фирми. Интересно е и тоа што нему ова му е трет брак, прво беше во брак со манекенка, па со друга девојка со која бил во врска повеќе години, но ниту еден од браковите не му траеја долго.