Бројни угостители се мачат со инфлацијата и енормните сметки кои им пристигнуваат, а за да се обидат да се заштитат, некои од нив посегнале по „иновативни“ ставки кои можат да се додадат на сметката од посетителите.
Така некое кафуле во Хрватска наплаќа чаша вода од чешма, и тоа по симболична цена од една куна.
Еден корисник на „Reddit“ веднаш тоа го забележал кога ја добил сметката поради што истата ја објавил на социјалната мрежа барајќи објаснување.
„Наплаќање вода од чешма. Една чаша вода е една куна. Дали тоа сте го забележале некаде на друго место или пак ова е некој нов тренд?“, напишал тој на „Reddit“.
Останатите корисници веднаш започнале полемика:
„Ме потсетува на она кога пријателите по работа одат на пица и бараат цедевита. Жената ги прашува дали сакаат бокал цедевита, тие го земаат, а пoдоцна бокалот со цедевита им го наплаќа 200 куни… (ова беше пред кризата кога цедевитата чинеше 10-13 куни во кафуле). Пицата ја платиле, бокалот не го платиле“, раскажал свое искуство друг корисник.
Друг корисник изјавил дека за вакви пригоди секогаш чува банкнота од 1.000 куни, па ако имаат да му ја раситнат во ред.