Индиско-ирскиот бизнисмен Сајрус Мистри загина во сообраќајна несреќа кога неговиот автомобил удри во бариера на пат во западна Индија.
Несреќата во која загина Сајрус Мистри (54), поранешен претседател на индискиот конгломерат „Тата Санс“, се случи на мост на река во индиската држава Махараштра во областа Палгар, на околу 100 километри северно од Мумбаи, соопшти полицијата.
Мистри загина на пат од Ахмедабад кон Мумбаи, а во несреќата загина уште едно лице.
„Се чини дека се работи за несреќен случај“, изјави полициски службеник.
Две лица кои биле во автомобилот со Мистри се повредени, пишува Тајмс оф Индија.
Индискиот премиер Нарендра Моди на Твитер напиша дека Мистри е перспективен бизнис лидер кој верува во економската сила на Индија и ја нарече неговата смрт голема загуба за трговијата и индустријата.
Мистри пет години беше претседател на Тата Сонс, конгломератот стар повеќе од 150 години, додека не беше сменет од Управниот одбор во октомври 2016 година. Мистри ја оспори одлуката, но неговото разрешување беше потврдено од Врховниот суд на Индија.
Компанијата на Мистри, основана од неговиот татко, имаше околу 18 отсто од Тата санс, што го прави единствениот најголем акционер. Според медиумите, пред неколку години вредноста на неговиот удел изнесувала околу 10 милијарди долари.
#CyrusMistry, former Chairman of #TataSons, while travelling from Ahmedabad to Mumbai, died in a road accident after his car hit a divider. 4 people were present in the car; 2 died on spot & 2 were moved to hospital: Palghar police officials pic.twitter.com/ExLJFZ8TH7
— The Times Of India (@timesofindia) September 4, 2022