На интернет се појави вознемирувачко видео од насилството на кое се гледа како група од десет мажи брутално тепаат и клоцаат жена која неподвижна лежи на подот.
На видеото се гледа како толпата ја соборува 19-годишната девојка на земја, а потоа ја клоца и со тупаници додека таа очајно се обидува да си ги заштити лицето и главата.
Нападот се случил во вечерните часови во саботата во предградијата на Лондон, пишува Сан (Sun).
Групата насилници побегнала пред да дојде полицијата на местото на инцидентот.
Според сознанијата на весникот инцидентот следел по расправија меѓу две жени, а до ескалација дошло откако во расправијата се вклучила група мажи“, соопшти лондонската полиција.
Девојчето било пренесено во болница каде и биле констатирани полесни повреди.