Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на погребот на последниот советски лидер Михаил Горбачов во сабота поради претходно испланирани обврски, соопштил денеска Кремљ.
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, рекол дека Путин му оддал почит на Горбачов така што го посетил во болницата во Москва и положил венец на местото каде што поранешниот лидер на СССР починал во вторникот, на 92 години.
„За жал, распоредот на претседателот е таков што не дозволува да му оддаде почит на Горбачов на 3-ти септември, така што одлучи тоа да го направи денеска“, рекол Песков.
Тој додал дека последното испраќање ќе има елементи на државен погреб, вклучувајќи и почесна гарда, истакнувајќи дека државата помага во организацијата.