Иако Леонардо ди Каприо (47) штотуку раскина со аргентинската манекенка Камила Мороне (25), тој веќе е виден со нова девојка која очекувано е помлада од 25 години.
Ди Каприо е видена во Сент Тропе во друштво на Украинката Марија Берегова (22), токму во моментот кога таа повторно почна да го користи моминското презиме откако се разведе од сопругот, чиј дедо бил поддржувач на Моамер Гадафи, пишува Дејли Мејл.
Поранешниот сопруг на Марија, Ахмед Масуд Абделхафид (30) води голема имотна и модна империја во Монако, е внук на министерот за внатрешни работи и лојален слуга на Гадафи.
Причините кои довеле до развод на поранешните сопружници не се познати, но се верува дека бракот завршил во Монако, каде што живееле.
Марија неодамна објави неколку фотографии од Сен Тропе, каде е видена со Ди Каприо. Таа се пофали и со престојот во луксузна соба од Вила Белроуз, каде едно ноќевање чини 1.220 долари.
Покрај младата Украинка, Ди Каприо во Сен Тропе се забавуваше и во друштво на актерот Тоби Мегваер (47), со кој Леонардо се дружи уште од 90-тите, кога и двајцата беа дел од тимот наречен „Пуси Пос“.
Да потсетиме, како што деновиве се пишува на Твитер, Леонардо досега ја оставил секоја своја девојка кога наполнила 25 години, а сега сите мислат дека тоа ќе и се случи и на оваа.