Мег Рајан во 1990-тите години беше една од најпопуларните актерки, а светската слава ѝ ја обезбедија бројните романтични комедии во кои се појавуваше.
Кога се појави, го освои целиот свет со убавината. Мажите лудуваа по неа, а жените сакаа да изгледаат како неа. Иако сите беа маѓепсани од нејзиниот изглед, таа не била задоволна во своја кожа, па одлучила да промени нешто.
По низата естетски интервенции што ги имала, Мег потполно се изобличила. Од нејзиното ангелско лице не останало ни трага.
Со желба да изгледа што подобро, актерката го променила личниот опис, што ја чинело холивудски ангажмани. Добиваше сè помалку улоги, а потоа полека се повлече од јавноста.
Луѓето од нејзината околина и тоа како забележувале дека Мег претерала со естетските интервенции.
Нејзината евидентна промена ја прокоментирал и пластичниот хирург Марк Робери.
„Не се само усните во прашање. Носот ѝ е поинаков, јагодиците, ботоксот е повеќе од очигледен. Луѓето не сфаќаат дека постои зависност од пластична хирургија. Таа не е единствениот пример. Обично тоа е обид да се реши некој вид лично незадоволство“, рекол пластичниот хирург Марк Робери пред 5 години.
Папараците неодамна ја фотографирале актерката во Санта Барбара, додека нејзиното лице било прилично скриено. Имено, актерката на главата имала шешир и големи очила за сонце.