СЕ ОМАЖИ ВИКТОРИЈА ЛОБА: Романтична венчавка на Канео во Охрид

by Тони Зографски

Македонската пејачка со руски корени Викторија Лоба викендов ја овековечи љубовта со нејзиниот избраник Ѓорѓи Калешов. 33-годишната убавица објави фотографија од венчавката во црквата Свети Јован Канео.

Таа избра венчаница од креациите на охридската дизајнерка Моника Коцарева. Косата на пејачката е стилизирана во интересна пунџа во плетенки, а целиот изглед е надополнет со романтичен бидермаер од бели рози.

Викторија и Ѓорѓи беа во врска долги години, а свадбената веселба прво ја планираа за 2020 година, но ја откажаа поради пандемијата.

 

 

 

останати вести