ПОВТОРНО ВО ВРСКА?: Ирина Шајк и Бредли Купер заедно на одмор (ФОТО)

by Тони Зографски

Ирина Шајк и Бредли Купер уживаа на заеднички летен одмор.

36-годишната манекенка сподели фотографии на Instagram, на кои позира со 47-годишниот актер. Тие хранеја и се фотографираа со прасиња, а во описот Ирина стави срце, со што ги израдува фановите.

Со овој потег, поранешниот холивудски пар поттикна гласини дека ја обнови врската.

Ирина и Бредли беа во врска од 2015 до 2019 година, но и по разделувањето останаа блиски пријатели. Тие заедно имаат едно дете, 5-годишната Леа де Сејн.

 

 

останати вести