Шарлиз Терон открила поради што нејзиното лице секогаш е блескаво и свежо. Актерката има 47 години, а изгледа многу младолико.
Со текот на годините, кожата на лицето драстично се менува. Брчките стануваат повидливи, кожата посува, а истата бара поголема нега и хидратација.
Процесот на стареење може да биде значително полесен со мали трикови.
Шарлиз Терон често е во фокусот на фотографите, како и осветлувањето пред кое се гледа секоја неправилност на кожата.
Актерката еднаш открила трик кој ѝ помага нејзиното лице секогаш да изгледа убаво и блескаво.
„Колку што сум постара, толку помалку пудра ставам на лицето и така помалку го матирам лицето. Иако сме чувствителни на изгледот и сјајот на нашата кожа, не сакаме тоа да биде претерано, а факт е дека подобро е лицето лесно да блеска, мислам дека тоа ни го олеснува стареењето“, заклучила Шарлиз.
Инаку, актерката годинава наполнила 47 години.
Всушност, сè ова што го кажала актерката има смисла. Матираната кожа изгледа посуво, а доколку станува збор за стара кожа, мат пудрата ќе ја направи уште постара.
Иако матираното лице понекогаш е благодарно, факт е дека со текот на годините кожата сепак најмногу сака природен сјај. Имено, со текот на годините кожата се суши и може да изгледа сивкасто. Помал сјај значи и помало произведување себум, а тоа е идеален услов за појава на брчки.