Кармен дел Орефиче е модел и актерка родена во 1931 година. Кариерата ја започнала на само 13 години, додека со „Вог“ потпишала на 15 годишна возраст.
Нејзиното детство било многу тешко, со оглед на тоа што нејзината мајка и таа немале доволно пари ниту за основни потреби. Често била во дом затоа што не можеле да си дозволат пристојна соба, а живееле продавајќи ја облеката што самите ја шиеле.
Нејзината кариера тргнала нагоре во 1947 година, кога добила покачување, а набргу потоа се појавила на насловната страница на магазинот „Вог“.
Таа имаше можност да работи со најголемите имиња како Ирвинг Пен, Франческо Скавуло, Норман Паркинсон и Ричард Аведон, а остана запаметена и како „музата на Дали“.
Таа заработувала рекламирајќи долна облека и позирајќи за каталози, па бидејќи била многу успешна, станала една од најплатените модели во 1950-тите.
Ова е нејзиниот рецепт за младешки изглед: многу сон, многу пливање и не размислување колку години имате.
„Не верувам во погреби. Верувам во славењето на животот и да им покажеш на луѓето колку се грижиш за нив додека се живи“, изјавила во една прилика.
Немала среќа во љубовта, се мажела три пати, а од еден брак има ќерка.