Страшна вест ни доаѓа од Италија, каде италијанскиот фудбалер Џовани Падовани (27) ја убил својата 30 години постара девојка Алесандра Матеучи.
Имено, станува збор за играч кој ги помина сите помлади категории на Наполи, но никогаш не успеа да се наметне и не заигра за првиот тим, туку талкаше по пониските лиги во Италија.
– Едвај чекам да дојде полиција, сакам се да заврши – беа првите зборови кои ги кажа Падовани по убиството на неговата 57-годишна партнерка.
Кога жртвата се вратила во нејзината резиденција околу 21 часот и 30 минути, младиот човек ја изненадил.
Тој почнал да ја удира со раце, а потоа со чекан и други остри предмети и нанел тешки повреди во пределот на главата додека таа викала да застане и повикала помош.
Соседите притрчале да ѝ дадат прва помош на жената и повикале брза помош и полиција, но таа починала непосредно пред доаѓањето на лекарите додека убиецот чекал на лице место за полицијата да го уапси.
– Ја слушнав како вика „помош Џовани, те молам, не!“ – им рекла сестрата на жртвата на безбедносните органи по апсењето на Падовани.
Според неа, 27-годишниот маж досега физички не ја нападнал жртвата, но бил љубоморен на својата партнерка и љубоморно се однесувал кршејќи садови и фрлајќи чаши кон неа. Кога таа не одговараше на неговиот телефон, тој се јавуваше на нејзиното семејство и им кажуваше навредливи зборови.
Против 27-годишникот, жртвата имала поднесено пријава за привремена мерка на забрането приближување. Соседите, кои зборувале за италијанските медиуми, изјавиле дека парот бил заедно една година. Тој живеел во Сицилија, а таа живеела и работела во Болоња. 57-годишната Алесандра бил претставничка во модна куќа за женска облека. Фудбалерот често патувал од Сицилија до Болоња и престојувал кај жртвата.
Но, 27-годишникот почнал да станува посесивно – опсесивен и во јануари таа го замолила да ја прекинат нивната врска. Потоа, убиецот почнал да ја демне 57-годишната жена и според соседите, тие двајца често се карале во куќата на жртвата.
На 29 јули, Матеучи поднела барање за забрана за доближување за да се заштити од Падовани. Но, иако обвинителството отворило истрага за случајот, забраната за доближување не била изречена бидејќи полицијата чекала да испита сведоци, а случајот се одолговлечил поради летните одмори. Се чекало да се комплетира извештајот што ќе требало да се достави до надлежниот суд.
57-годишната Алесандра Матеучи, позната како Сандра за нејзините пријатели, беше многу активна на социјалните мрежи. Таму го запознала и својот убиец пред една година. Таа често се фотографирала пред огледалото како пробува облека и чевли. Сепак, нејзината професија беше поврзана со модата бидејќи работела како претставник во куќа за долна облека во Болоња.
Според италијанските медиуми, големата разлика во години на двојката изгледа не била пречка во нивната врска. Но, кога тој станал посесивен кон партнерката, таа се исплашила од него и го замолила да ја напушти куќата.
„Многу се плашеше од него бидејќи стана посесивен и не сакаше да го пушти да влезе дома“, рекол сосед на 57-годишната жена.