Основачот на фестивалот Sea Dance, Душан Ковачевиќ, преку својот Инстаграм профил ја покани премиерката на Финска, Сана Марин, да дојде на овогодинешното издание на фестивалот.
Во својата покана до финската премиерка, Ковачевиќ изјави дека би сакал таа да го посети не само Sea Dance, туку и фестивалот EXIT следниот јули, нагласувајќи дека нејзината енергија и позитивен став се добредојдени на сите фестивали EXIT.
Во последните денови јавноста беше поделена во одобрувањето и осудата на објавените видеа на кои се гледа како финската премиерка се забавува и танцува со група пријатели и познати личности.