Денеска на 81-годишна возраст почина Невена Кочовска, легендарната вокалистка на групата „Мањифико”, еден од најпопуларните ансамбли кај нас.
„Мањифико” беше познат по обработките на латино-американските хитови, но и староградски македонски песни. Тие постоеја 30 години, гостуваа во многу земји, снимија голем број албуми, а нивните изданија се продаваа во златни тиражи. Одржаа повеќе од 3.700 самостојни концерти во повеќе од 30 земји во светот.
Невена во последните години боледуваше од Алцхајмерова болест. Во 2017 година последен пат настапија заедно со своите ќерки Тања и Лидија Кочовски, кога добија награда за животно дело на манифестацијата „Златна бубамара”.