Босна и Херцеговина го зазема првото место на листата на земји со најмногу намален број на жители во светот, покажа извештајот на Обединетите Нации (ОН) за 2022 година, „Перспективи на светското население“.
Според извештајот, Босна и Херцеговина годишно губи над 1,5 отсто од своето население.
Меѓу првите десет земји се најдоа и Србија и Хрватска, едната на седмо, а другата веднаш по неа, на осмо место.
ОН очекуваат Летонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Литванија, Косово, Ерменија, Македонија, Полска, да изгубат 40 до 50 отсто од населението до крајот на овој век.