Се појави нова снимка од финската премиерка Сана Марин. На најновото видео, 35-годишната премиерка може да се види како танцува со две години помладата инфлуенсерка и модел Сабина Сарка, која ја претставуваше Финска на изборот за Мис на светот 2012 година.
Странските медиуми пишуваат дека снимката е направена во истиот клуб како и досега каде меѓу другото Марин танцува со пејачот Олави Уусивирт. Од облеката што ја носи финската премиерка на најновото видео, може да се заклучи дека видеата се направени истата вечер.
Ниту премиерката, ниту инфлуенсерката сѐ уште не објавиле ништо за снимката.
Потсетуваме, откако снимките се појавија во јавноста, Марин беше тестирана на дрога, а резултатите покажаа дека е негативна. Таа претходно изјави дека е вознемирена што на интернет се објавуваат видеа на кои таа игра на приватни забави бидејќи се наменети само за пријатели.