Сопругата на портпарлот на Кремљ, Дмитриј Песков, Татјана Навка, на 19-ти август на својот профил на Инстаграм споделил видео како се забавува во Грција, која е една од членките на НАТО, пренесува „Reuters“.
Во Русија овие снимки предизвикале низа навреди на сметка на некогашната лизгачка.
Многумина не можеа да поверуваат дека сопругата на Дмитриј Песков се однесува толку лежерно во земја која отворено ја поддржува Украина и која Путин ја означи како „непријателска“.
„Сопругата на висок државен функционер треба да се однесува поскромно. Зарем нејзината позиција не го подразбира тоа? Таа е на ист ранг со првата дама на државата“, се наведува во критиката.
Многумина бесно коментираа околу тоа како ѝ бил дозволен влез во Грција – земја-членка на ЕУ.
„Дали вашиот сопруг Песков, долгогодишниот портпарол на Путин, снимаше сѐ?“, „Зошто не сте на Крим?“, „Како добивте виза за ЕУ?“, прашуваат корисниците на социјалните мрежи.
Украинците пак го поставуваат прашањето како таа сè уште може да патува во држави од Европската унија.