Кога италијанско-австралиската актерка Грета Скаки влезе во романса со многу близок роднина, односно својот братучед, тоа не само што ја шокираше јавноста, туку и создаде постојан раскол во тоа семејство.
Таткото на Грета,Лука, италијански сликар, бил целосно „уништен“ од таквиот исход, но и покрај гласниот отпор и неодобрувањето на остатокот од семејството, Грета и Карло Мантегака се венчале. Во 1997 година го добија дури и синот Матео.
Татко ми беше длабоко повреден и уништен. Беше многу лут, изјави Грета во единственото интервју што го даде кога станува збор за оваа врска, признавајќи дека и самата била згрозена од емоциите кои ги чувствувала кон три години постариот Карл.
Тој беше мојата утеха, мојата карпа и човекот кон кого се свртев кога се почувствував очајна, додаде таа.
Тие беа блиски пријатели, а по ова не зборуваа долго време. Се исплашив, мислев дека можеби ќе треба да го абортирам нашето бебе. Имав чувство дека е крај на светот. Барав некој кој ќе ме сака, ќе ме поддржува и ќе биде тука за мене и за децата. Карло беше карпа, некој што дава и се грижи за мене. Тој апсолутно знае кога нешто е приоритет и работи напорно за нашето семејство. Тој беше првиот човек во болницата откако се роди Лејла и е нејзин кум. Беше мојот најдобар пријател и ми стана љубовник“, детално објасни Скаки.
Статусот на нивната врска со години беше строго чувана тајна, поради нетипичната природа на нивната врска, но затоа што ниту еден од нив не зборуваше јавно за својата љубов. Сепак, до неодамна се веруваше дека парот се’ уште е заедно, но пред неколку дена во јавноста се појавија нови информации, пренесува „Дејли мејл“. Двојката всушност се развела пред повеќе од една деценија.
Се разведоа пред 12 години“, потврди менаџерот на Грета.