СО ГОЛИ ГРАДИ ПРОТИВ ГЕРМАНСКИОТ КАНЦЕЛАР: Топлес девојки го прекинаа говорот на Олаф Шолц (ФОТО)

by Тони Зографски

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска доживеа непријатност кога две девојки, кои наводно сакале да се сликаат со него, наеднаш ги соблекле кошулите и останале топлес.

Како што пренесува германски „Блид“, Шолц по инцидентот реагирал смирено, не правејќи никакви проблеми.

Телохранителите брзо реагираа и ги одведоа жените кои извикуваа пароли, главно неразбирливи.

Сепак, „Билд“ наведува дека активистите побарале да се забрани увозот на руски гас.

Пораката на англиски беше јасно читлива на нивната кожа: „Ембарго на гас, сега“.

Image

останати вести