НАЈВЕРОЈАТНО ПРИЧИНА Е ДЕФЕКТ НА ЕЛ. ИНСТАЛАЦИЈА: Избувна пожар во кругот на Цементарница Усје

by Тони Зографски

Пожар избувна во кругот на цементарница „Усје“ во Кисела Вода, потврдија за МИА од Противпожарната бригада на Скопје.

Командирот на Територијалната противпожарна единица на град Скопје, Ѕвонко Томески изјави дека интервенцијата е во тек. На терен се испратени две возила и девет пожарникари.

Пожарот е пријавен околу 12 часот, а причина за пожарот најверојатно е дефект на електрична инсталација.

останати вести