Познатиот готвач Џејми Оливер неодамна проговори за здравствената состојба на неговата сопруга Жил, со која е во брак 22 години.
Џејми откри дека неговата сопруга Џулс се бори со изнемоштен здравствен проблем во последните две години. Таа го имала корона вирусот пред две години и се уште се бори со несаканите ефекти од болеста.
„Жил доби корона пред две години и имаше потешка форма. И сега таа го пролонгираше Ковидот две години, и навистина ѝ е лошо, за жал. Не е во состојбата во која сака да биде, тоа трае веќе две години“, изјави Џејми за „Мејл Плус“.
Познатиот готвач објаснува дека и докторите специјалисти се уште не можат да ѝ помогнат на Жил и дека постојано бараат дополнителна помош и можно решение.
„Постојано одиме на доктор, но навистина никој ништо не знае. Податоците за проширениот вирус сè уште се акумулираат“, објаснува Џејми.
И покрај тоа што се уште не е целосно закрепната, готвачот истакнува дека неговата сопруга се труди да биде насмеана и секогаш достапна за децата.
Џејми Оливер и дизајнерката Џулс се во брак од 2000 година и имаат пет деца, ќерките Попи (20), Дејзи (19), Петал (13) и синовите Бади (11) и Ривер (6).