Секој пат кога Реј Минтер ќе се разбуди од силен звук кој ја тресе неговата куќа, првата мисла на овој жител на Калифорнија е земјотрес.
Меѓутоа, увидел дека тоа е само уште едно возило кое удрило во неговиот дом во Сан Хозе (САД).
Ова веќе се случило 23 пати од 1972 година со изградбата на автопат во близина, изјави тој за КТВУ.
„Посакувам да можам да ви кажам дека се исплашив, но по години кога автомобилите влетуваа во мојата куќа, се навикнав на тоа“, изјавил Минтер за Сан Хозе Spotlight.
Во несреќата во 2016 година, камион GMC High Sierra, кој што возел со 90 милји на час, заврши во дневната соба на Минтер откако ја уништи неговата гаража и автомобилот Хонда Акорд.
Во други несреќи во текот на годините му се рушеле огради, искршиле возила, смачкале поштенски сандачиња и удриле во неговиот дом.
„Четири пати се забија сѐ до кујната“, рече Минтер, додавајќи дека повеќето несреќи се случуваат ноќе. „Секогаш кога ќе се случеше ваква несреќа, ние бевме дома.“
Осигурителната компанија на Минтер му платила за поставување ѕидови од тули и бетонски метални столбови за да се обиде да го заштити својот дом, но тој морал да ги замени по последната несреќа, објави КТВУ.
Возилата кои се движат со голема брзина на автопатот ги предизвикуваат поголемиот дел од несреќите, изјави Минтер за KTVU. Возачите погрешно ја пресметуваат брзината и завршуваат во неговиот двор или во неговата куќа обидувајќи се да свртат десно.
„Градот вели дека тоа е одговорност на државата бидејќи автопатот ѝ припаѓа на државата, а државата го обвинува градот“, изјавил Минтер.
„Се откажав од обидот да водам какви било разговори.“
Градските власти на Сан Хозе рекоа дека аплицирале за милионски грантови за да се обидат да го решат проблемот со рехабилитацијата на тој дел од патот и забавување на сообраќајот. Но, ова ново решение е најавено дури за 2026 година, бидејќи се чека на одобрување на буџетот за јавни работи.
Дотогаш, Минтер вели дека сам ќе се справи со проблемот, исто како што се справувал во изминатите 50 години.