ФИНСКА ИМА “НАЈКУЛ“ ПРЕМИЕРКА: Сана Марин лудо се забавуваше (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Премиерката на Финска, Сана Марин (36) повторно се најде на удар на критики поради забавување. На интернет се појави видео на кое се гледа како таа се забавува и танцува со пријателите, што налути многу граѓани бидејќи сметаат дека таа повеќе време поминува на забава наместо да ја води државата.

Финските медиуми пренесуваат дека Марин на видеото била во друштво на неколку јавни личности.

Таа беше придружувана од уметникот Алма и нејзината сестра Ана, инфлуенсерката Јанита Аутио, водителката Тини Викстром, радио водителката Каролина Туоминен, стилистката Веса Силвер и пратеникот Илмаријр Нурминен.

Финскиот спортски водител Алекси Валавуори беше особено изнервиран, кој рече дека Марин е најлошиот премиер што некогаш го имале.

– Ова е премиерката на Финска, Сана Марин. Некои велат дека е кул… Можеби за тинејџери. Но, да се биде одговорен лидер на државата среде криза? Таа е најнеспособниот премиер што сме го имале. Таа не знае ништо. Те молам облечи ја кожната јакна и поднеси оставка. Благодарам – порача тој на Твитер.

Инаку, Марин беше во центарот на контроверзите минатата зима кога беше откриено дека се забавувала среде пандемијата, кога важеа препораките да се остане дома поради коронавирусот. По силната реакција на јавноста таа му се извини на народот.

Премиерката е позната по тоа што сака да посетува бројни фестивали, но често ја критикуваат поради тоа.

останати вести