ШОК СЦЕНА ВО ПРОГРАМА ВО ЖИВО: Додека турист раскажува колку ужива во летувањето зад него маж краде нечиј ранец (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Крадец бил фатен како краде на плажа во Барселона додека еден турист кој бил интервјуиран на шпанска телевизија зборува за одличната храна и убавото време.

Човекот се појавил во позадина кога туристот му рекол на новинарот дека ја сака Барселона, пренесува „Mirror“.

Интервјуто продолжило без прекин откако мажот се наведнал, го извлекол ранецот од под панталоните и си заминал. Неколку секунди подоцна се појавил и збунетиот сопственик на ранецот и започнал да вика дека некој му ги украл работите и прашувал дали некој го видел крадецот.

Lopov krade ranac

Човекот кој бил интервјуиран очигледно бил тотално несвесен за хаосот зад него додека му зборувал на новинарот колку ја сака храната таму. Снимката од шпанската телевизија „TVE“ која била снимена на популарната градска плажа Сант Микел во Барселона, стана вистински хит на интернет, а полицијата открила дека му влегла во трага на крадецот и дека го идентификувала осомничениот.

„Благодарение на видеото објавено на социјалните мрежи и полицискиот извештај на жртвата, го идентификувавме и пријавивме сторителот на кражбата на плажата Сант Микел. На снимката се гледа како крадецот го искористува отсуството на сопственикот за да ја украде торбата и да побегне од местото на настанот“, изјавил портпаролот на полицијата.

https://twitter.com/i/status/1558736401155366913

останати вести