Рич Фоету Томкинсон (48) неодамна сфатил дека пораснал во истото соседство со неговата 29-годишна партнерка Еви. Откако разговараше со мајката на Еви, Сара Овен (53), тој откри дека работеле на истата улица во 90-тите.
Рич и Еви од Стафорд се венчаа во јули, а во јануари очекуваат бебе.
– Беше малку чудно кога сфатив дека ја запознав Еви кога беше бебе, но тогаш немав поим дека вака ќе завршиме. Сега се смееме на тоа. За нас годините се само бројка и не можете да одлучите во кого ќе се заљубите – изјави Рич, кој работи како геодет.
– Веќе ме заменуваат со таткото и на Еви, но повеќето луѓе можат да видат колку добро се согласуваме како пар. Воопшто не ни пречи разликата од 19 години. „Да се омажам за Еви беше најдобриот ден во мојот живот и многу сум возбуден што ќе имам дете со неа“, додаде тој.
Додека некои сметаат дека разликата во години им е преголема, тие не се грижат за тоа. Од првиот момент кога се запознале, меѓу нив се родила љубов.
– Беше малку чудно кога сфативме дека Рич ме запозна кога бев бебе. Тој е толку смешен и има најголемо срце. Кога сме заедно, не можеш да кажеш дека е толку постар од мене – само неговата седа брада го издава. Тој ќе биде најдобриот татко – изјавила Еви.
Двојката се запознала во бар каде што работела Еви. Тие се венчаа во јули 2022 година, три години по нивната свршувачка затоа што венчавката беше одложена поради ограничувањата од Ковид, пишува Daily Star.
– Нашето семејство и пријателите можат да видат колку сме среќни. На почетокот мислам дека никој не очекуваше да издржиме, дури ни ние, но сега сме среќно венчани и очекуваме дете – изјави Рич.
– Моите родители отсекогаш го поддржувале Рич бидејќи гледаат колку ме прави среќна – заклучила Еви.