Познатата ТВ презентерка Билјана Дебарлиева денеска слави роденден. На Дебарлиева, ретко кој би и дал 46 години.
На ТВ екраните е долги години, почнувајќи од Македонската радио телевизија, преку „А1“ телевизија каде што водеше и утринска програма, а денеска е дел од тимот на „Канал 5“ телевизија.
Дебарлиева е една од најубавите и најелегантните познати дами кај нас, и според коментарите на многумина една од ТВ презентерките која го негува литературниот македонски јазик. Ако се споредат старите нејзини слики со денешните, нема многу разлика.
Дебарлиева е мајка на Марко и на Ана која многу личи на неа. Таа е диполмиран економист, а помалиот синот Марко е осмо одделение.