Виктор Хуго Мика Алварез (30) од Боливија бил истрауматизиран по посетата на фестивалот на Мајката Земја во Ел Алто во оваа земја, откако, како што тврди, бил закопан жив.
Како што пишува Њујорк Пост, Алварез рекол дека по големото пијанство учесниците на фестивалот го ставиле во ковчег и го закопале на 80 километри од местото на одржување, во градот Ачакачи.
На фестивалот Мајка Земја, луѓето се заблагодаруваат на Пачамама, божицата на земјата и плодноста. Дел од Боливијците веруваат дека во текот на август божицата „ја отвора устата“ за приноси, а многумина даваат живи, дури и фетуси од овци, листови од какао и слатки, а наводно и луѓе како жртви.
Токму поради ова верување Алварез е убеден дека другите посетители на фестивалот го закопале жив.
-Игравме, а единствено што се сеќавам е дека мислев дека сум во кревет и сакав да станам за да одам во тоалет, но не можев да се движам. Ја турнав стаклената кутија, ја скршив и мислев дека успеав да излезам. Во тој момент земјата падна врз мене и сфатив дека сум жив закопан – изјави Алварез и додаде дека среќа е што бил закопан плитко, па можел некако да се извлече.
Но, кога отишол во полиција да пријави дека бил жив закопан, според него, тие рекле дека се уште е пијан и да оди дома да се отрезни. Сепак, Алварез решил да проговори за медиумите, а на видео снимките се гледа како тој е раскрвавен и со модринки
https://twitter.com/i/status/1557125424185999363