Ксенија Шојгу, помладата ќерка на Сергеј Шојгу и претседателка на руската триатлон федерација, не мирува. Оваа 31-годишна мајка на 1-годишно девојче и сопруга на Алексеј Стољаров, највлијателен руски фитнес блогер, ја искористила можноста да се пофали со своето тело додека се сонча на брегот на Црното море.
Во топлес, облечена во провокативен долен дел од костим за капење и насмеана, таа држи непознато лице за стапалото.
Очекувано, фотографиите предизвикаа бес во јавноста.
Многу корисници на социјалните мрежи истакнаа дека е несоодветно Ксенија да се сонча на плажа додека руските војници убиваат украински деца.
Инаку, фотографиите од плажата се појавија откако Ксенија пред две недели го угости рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург.