Чарли Шин својата голема популарност ја стекна со глумата во серијата „Два и пол мажи“, а неговиот приватен живот е преполн со различни авантури.
Чарли Шин бил во брак со Дениз Ричардс со која има две ќерки – Семи и Лола.
Овој пар се развел кога Дениз била во шестиот месец од бременоста, а неодамна како семејство стигнаа во центарот на вниманието поради профилот на Семи на „OnlyFans“, додека потоа и Дениз одлучила да се приклучи на таа платформа.
Сега Дениз одлучила да проговори за разводот од Шин и открила дека од ќерките долго криела дека нивниот татко се бори со зависност, но и дека не е сигурна дали со тоа им направила услуга.
„Со години се борев со тоа, се прашував дали сакав моите ќерки да се венчаат за таков човек. Без навреди за него, но мислам дека тој тоа би го прифатил и би разбрал што зборувам. Со текот на времето дојдоа годините во кои одредени личности би им кажале некои работи, а јас лажев и го „покривав“. Сега кога се повозрасни, повеќе се свесни. Затоа велам дека не знам дали им направив услуга кога беа помали“, заклучила Дениз во еден поткаст.
Да ве потсетиме, Дениз и Чарли биле во брак од 2002 година, а се развеле по четири години. Нивниот развод го одбележа борбата за старателство ко која победи Шин.
Полно старателство над ќерките било доделено на актерот, што и не е ниту чудно со оглед на тоа што и нивната постара ќерка Семи си заминала од дома и почнала да живее со таткото.
Својот живот со мајката го нарекла „пекол без излез“ по што престанала да јаде и добила нарушување на сонот, а подоцна била и во депресија со која се бори до денес.