Славната британска актерка Мишел Колинс покажа дека љубовта не познава граници. Актерката пред една недела се венчаше за својот 22 години помлад партнер, Мајк Дејвисон.
Двојката веќе 10 години е во љубовна врска, па конечно одлучиле да се венчаат. Актерката има 60 години, но изгледа доста помладо, па не е ни чудо што завела 22 години помлад фраер.
Венчавката се одржала во Лондон, во кругот на најблиските пријатели и роднини. Невестата носела бел комбинезон кој ја нагласувал нејзината става, додека младоженецот се одлучил за црни панталони и бело сако.
Во фокусот било нивното расположение. Имено, додека Мишел била расположена и блескала од среќа, Мајк бил намуртен. Тоа покренало лавина коментари на социјалните мрежи.
„Зошто толку кисела насмевка“, „Изгледа како да се венчал туку-така, про форма, за да не го откачи“, „Зошто не изгледа среќно?“, „Мишел е како девојче, а тој е целиот стегнат“, се само некои од коментарите.
Двојката често беше мета на осуди поради евидентната разлика во годините, но нивната врска успеа да опстане и покрај тоа.
Инаку, од претходната врска актерката има и 26-годишна ќерка Маја Роуз, која, според мислењето на фановите, уште малку може да му биде и врсничка на сопругот на мајка ѝ.
Мајк не е толку славен и успешен, додека познато е дека работел во продавница за фармерки. По почетокот на врската со Мишел, Мајк покренал свој бизнис и основал своја модна компанија Heroes of Richmond.
Се шпекулираше дека актерката сакала да го напушти, бидејќи се сомневала дека е со неа само поради славата и парите.