Вук Бориловиќ (34) од Цетиње вчера во центарот на градот уби десет сограѓани и рани шест од нив.
За време на крвавата драма, во која уби и две малолетни деца, Бориловиќ по случаен избор со ловечка пушка пукал во соседите, итната медицинска помош, припадниците на полицијата и случајните минувачи.
Како што се дознало подоцна, при размена на оган со полицијата, бил застрелан од сограѓанинот Н.К.
„Испукал над 100 куршуми. Пукал со карабин“, изјави локален жител за ТВ „Објектив“.
Како причина за масакрот наведува дека убиецот неодамна купил камера и видел дека некој му краде работи од дворот.
Од Клиничкиот центар соопштија дека во таа установа се лекуваат четворица пациенти – тројца се на интензивна нега, од кои еден е во животна опасност. Двајца пациенти во болницата во Цетиње се надвор од животна опасност, пишува црногорски Вијести. Еден од ранетите пациенти, хоспитализиран во КЦЦГ, во моментов е стабилен, надвор од животна опасност и е сместен на Клиниката за неврохирургија.
„Вториот пациент по приемот е оперативно третиран, има повреди на мозочните структури и коскените структури на главата и градниот кош, загрозен му е животот и се наоѓа на Централното одделение за интензивна нега“, велат од КГК. Третиот пациент има повреда на абдоминалните органи, претежно црниот дроб, оперативно е третиран и на мерки на понатамошна интензивна терапија и следење и е сместен на одделението за интензивна нега.
„Четвртиот пациент има повреди на вратот и градниот кош, отворена фрактура на десната надлактица, исто така е хируршки третиран и се уште бара лекување на одделението за интензивна нега“, соопштија од Клиничкиот центар.
Директорот на болницата во Цетиње, Иван Ивановиќ, за ТВЦГ изјави дека две лица – маж и жена се хоспитализирани во таа болница откако се повредени во вчерашната трагедија и се во стабилна општа состојба. „Тие се надвор од животна опасност“, изјавил Ивановиќ, а пренесува РТЦГ.
Дежурниот хирург во Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ), Перица Мараш, синоќа за „Вијести“ изјави дека по трагедијата во Цетиње во таа установа се примени четворица пациенти со тешки повреди.
„Тројца пациенти беа оперирани од неврохирурзи, хирург и ортопед. Се работи за многу сериозни повреди и засега не можеме да објавиме дефинитивна прогноза…“, изјави Мараш.
Полицијата соопшти дека се уште не е познат мотивот за овој масакр.
Синоќа зборуваше и началникот на полицијата Зоран Брѓанин.
„Пукал во семејство чии членови престојувале во просториите на неговата куќа како станари во населбата Медовина. Во таа прилика со огнено оружје, ловечка пушка им ги одзел животите на две деца, едното на возраст од осум, а другото единаесет , и ја ранил нивната мајка, која им подлегнала на повредите во медицинска установа, а потоа излегол и со истото огнено оружје пукал кон жителите на оваа населба, при што усмртил уште седум лица, а шестмина ранил.“
Тој рече дека во размената на оган еден полицаец е тешко ранет.
„Засега не е јасно што го поттикнало В.Б. на ваков грозоморен чин, по што и самиот бил лишен од живот. Нагласувам дека се уште се утврдуваат околностите на целиот настан, вклучително и загубата на животот на В.Б., а за сите детали јавноста ќе биде информирана преку медиумите. Сакам да изразам и надеж дека никогаш повеќе нема да бидеме сведоци на ваква трагедија во Црна Гора“, рече Брѓанин, додавајќи дека сочувствува со семејствата на жртвите и се надева дека повредените брзо и успешно ќе закрепнат.
Според официјалните податоци, Бориловиќ влегол во станот на своите станари околу 15:30 часот и го убил единаесетгодишниот М. , апотоа во неговиот три години помлад брад и потоа низ прозорецот пукал во нивната мајка, Наташа Пајовиќ Мартиновиќ.
Откако ги убил, им се јавил на нивниот татко и сопруг Милош Мартиновиќ и му рекол: „Го убив твоето и моето семејство“, велат соговорниците на „Вијести“ од Управата на полицијата.
Во следните 45 минути на вкупно 80 метри од неговата куќа пукал со карабинот, при што усмртил уште седум лица, а ранил уште шест.
Надлежните објаснија дека по убиството на Мартиновиќ, тој влегол во соседната куќа, каде ги убил постарите сограѓани Данијела и Димитрије Дрецун, а тешко го ранил нивниот внук Александар Дрецун (32). На прагот од таа куќа го убил и нивниот син Рајко Дрецун (56), кој кога слушнал пукање истрчал кон куќата.
Бориловиќ го убил и својот сосед Милан Митровиќ (37), а потоа и вујко му Горан Ѓуришиќ (54), а потоа одејќи по улицата ги убил соседите Александра (52) и Данијела Радуновиќ (51).
Бориловиќ, погоден со два куршуми и со пушка во раката се свртел кон куќата на својот сосед И.Ј. и го викнал да излезе.
Тој ранил уште четворица соседи – Славица Звичер, Филип Ѓурковиќ, Милева Рамадановиќ и Даринка Челебиќ, како и полицаецот Љубиша Максимовиќ, кој се обидувал да го совлада. Клиничкиот центар на Црна Гора синоќа соопшти дека тројца од ранетите биле оперирани и се сместени на Одделот за интензивна нега.
Неговото тело, според неофицијалните информации, синоќа било испратено на обдукција.