Заложничка драма има во банка во Бејрут во Либан, каде вооружено лице бара пари за операција.
Човекот ги држи во заложништво вработените и клиентите во банката, и бара ослободување на замрзнати средства од неговата сметка. Силни полициски сили се распоредени долж фреквентната улица „Хамра” каде се наоѓа банката. Тие преговараат со човекот. Тој ги бара парите од неговата блокирана сметка, за да плати операција на неговиот татко. Побарал околу 200.000 долари што ги имал на сметката во банка, а кога вработениот одбил да му плати, почнал да вика дека неговите роднини се во болница и извадил оружје. Ако не му ги дадат се заканува дека ќе подметне пожар во банката и ќе ги убие сите.
„Вратете ми ги моите пари. Немам многу време”, вели тој на снимката објавена преку социјалните мрежи.
Десетици луѓе се собрани пред банката, како поддршка да му бидат вратени парите.
BREAKING: Video of hostage situation in #Lebanon at a major bank in downtown Beirut. An armed man is holding bank staff until they release his deposits, he says are $210,000: pic.twitter.com/xG9A9H3Yl8
— Joyce Karam (@Joyce_Karam) August 11, 2022