Тијана Дапчевиќ и Игор Џамбазов се стари пријатели. Ги спојува љубовта кон рокенролот и блузот. На поранешните настапи на Џамбазов во скопските ноќни клубови Тијана беше честа гостинка.
Сега, тие двајца се снаа и девер. Во серијата „Преспав“, Тијана ја игра Германката, Ула која е сопруга на Коста Бузалевски, а го игра Игор Ангелов. Џамбазов го игра Миле, братот на Коста.
Тијана и Џамбазов продолжија со дружбата и по снимањето на серијата. Доказ за тоа е и оваа фотографија од една заедничка предновогодишна забава која ја објавија Тијана и Игор.