На композиторот Миодраг Неќак од Битола вчера не сакале да му отворат трансакциска сметка во банка, бидејќи му пишувало дека бил роден во Санкт Петерсбург, Русија.
“Sparkasse експозитура – филијала БИТОЛА.
Денес се обратив за трансакциска сметка за физичко лице.
Sparkasse експозитура – филијала БИТОЛА.
Госпоѓата – госпоѓицата ми ги образложи условите.
Ги прифатив.
Ја започна постапката.
Стигна до местото на раѓање.
Санкт Петерсбург – Русија.
“Се извинувам, сега го забележав местото на раѓање. Не смеем да Ви отворам сметка бидејќи вашето место на раѓање е Русија”.
Ми ја врати личната карта и со нетрпение чекаше да ја напуштам банката.
Sparkasse експозитура – филијала БИТОЛА.” , пишува на Фејсбук, Миодраг Неќак.